Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Џастин Бибер ги откажа настапите поради болест: Половина лице му е парализирано

На пејачот Џастин Бибер му била дијагностицирана вирусна инфекција која му парализирала половина од лицето.

Бибер, кој ја објави веста на Инстаграм, им порача на фановите дека ќе мора да откаже низа емисии и концерти додека не се вратат движењата на десната страна на лицето.

– Како што веројатно можете да видите од моето лице, имам синдром наречен Ramsay Hunt синдром. Како што можете да видите, ова око не трепка. Не можам да се насмевнам од оваа страна на лицето. Оваа ноздра нема да се помрдне, така што оваа страна од моето лице е со целосна парализана – рекол младиот  пејач.

Бибер се обидел да се насмее, да трепка и да го мрда лицето додека го снимал видеото, но било јасно дека едната страна од лицето му останала парализирана додека зборувал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)


„Значи, за оние кои се фрустрирани со моето откажување на следните емисии, јас очигледно физички не можам да ги одработам. Ова е прилично сериозно како што можете да видите“, додал тој.

Пејачот рекол дека прави вежби за лице за да се обиде да ги врати движењата, но ќе биде потребно време да се опорави.

„Посакувам да не е така, но очигледно моето тело ми вели дека морам да го забавам темпото. Се надевам дека ме разбирате, а јас го користам ова време само за да се одморам и опуштам и да се вратам на 100 отсто за да можам да го правам тоа за што сум роден“, заклучи Бибер.

Џастин Бибер откри како е неговата сопруга по проблемите со мозокот: Знам дека Бог ја чува

Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот