Фото: Принтскрин/ТикТок

ВИДЕО: Двејн Џонсон љубоморен на задникот на Клои Кардашијан, веднаш побара да се додаде материјал и на неговата фигура

Двејн Џонсон и Клои Кардашијан сега се соседи во Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лас Вегас.

Во видеото објавено на Тикток пред два дена се гледа дека актерот навратил во музејот за да ја види својата нова восочна фигура. Потоа тој ја покажа на своите фанови, а се одлучи да покаже уште нешто.

„Морам да ве запознаам со мојата сосетка“, изјави актерот и ја заврте камерата кон фигурата од Клои Кардашијан, облечена во чипкасто боди и тесни фармерки.

„Погледнете го тоа луѓе, изгледаме кул заедно, зарем не?“, се запраша тој.

@therock I just have oneeee more note @madametussaudsusa ??@khloékardashian? ♬ original sound – The Rock


Наскоро тој забележа една разлика и се пожали дека на неговата фигура недостасува материјал во подрачјето на задникот, па ги замоли вработените во музејот „да му дадат малку повеќе глутеус“.

„Дајте ми глутеус како нејзиниот“, додаде тој.

Видеото го погледна и Кардашијанката, а како што откри таа, „плачела од смеење“.

„Ми се чини дека сум во одлично друштво. Не наместиле“, напиша Клои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот