ВИДЕО: Два терористички напади во Сирија, 10 загинати и 24 повредени

Најмалку 10 лица загинаа, а 24 се повредени во терористички напад во градовите Ал-Баб и Азаз на северот од Сирија во неделата.

Автомобил полн со експлозив експлодираше во градот Азаз.

Четири лица загинаа и 20 се повредени во нападот.

Кратко потоа, одекна уште една експлозија на контролен пункт на 5 километри источно од градот Ал-Баб при што шест лица загинаа, а четворица се повредени.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Извор: Анадолу Агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот