ВИДЕО | Дувњак: Извештајот на Стејт департментот е огледало на она што ни се случува, без разлика дали ни се допаѓа или не

Гордана Дувњак / Утрински брифинг
Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Извештајот на Стејт департменот е како со копче да враќате една година назад, бидејќи се однесува на 2021 година. Секоја година има и некој аспект кој што посебно е нагласен.

-Оваа година акцентот паѓа на затворите, особено отвореното одделение во Идризово, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на „Фокус“, Гордана Дувњак. -Јас во последниве неколку години неколку пати одев и правев репортажи во затворите. Не дека нешто не се менува, но тоа што се прави е премногу бавно. Состојбата на затворите е лошо оценета.

Она што е направено е на база на донации а не од страна на државата што пак се забележува во извештајот. Има едни констатации кои со години се провлекуваат и буквално се пресликуваат од година во година, со таа разлика што во претходниот извештај нагласокот падна врз истрагите, а сега во овој извештај се делот за медиумите и затворите, анализира Дувњак.

-Мене ми беше многу загрижувачки дека десетина и повеќе години ништо не се инвестирало во затворите, порано имаше продавници кои продаваа производи кои токму се произведени во затворите, а сега тоа го нема, вели таа.

Стопанската дејност на Идризово порано беше многу развиена, што пак придонесуваше и за некаква самоодржливост, сето тоа сега го нема. Затворениците бараат да бидат ангажирани, бидејќи на тој начин се чувствиуваат корисни, денот побрзо им поминува. Извештајот е едно огледало на се она што ни се случува нас, без разлика дали тоа што го гледаме ни се допаѓа или не.

Според Дувњак, загрижува делот на полициската тортура и полициското делување.

-Иако извештајот детектира намалување на бројките сепак се забележува и дека голем дел од барањата на Народниот правобранител се игнорирани и не се прифаќаат, вели за Утрински брифинг, новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот