Арманд Дуплантис со златниот медал на Светското првенство/Јуџин, Орегон, САД/24 јули 2022/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

ВИДЕО: Дуплантис со нов светски рекорд до злато во Јуџин

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска со нов светски рекорд го освои златниот медал во скок со стап на Светското првенство во Јуџин, САД.

Дуплантис веќе беше сигурен освојувач на златото кога во вториот обид ја собори границата на светскиот рекорд, која од денеска изнесува шест метри и 21 сантиметар.

Олимпискиот шампион на тој начин го подобри за еден сантиметар светскиот рекорд што го постави во март на Светското првенство во сала во Белград.

Овој 22-годишен Швеѓанец ја освои последната голема титула што му недостигаше, бидејќи веќе е европски шампион, олимписки шампион и светски шампион во сала.

Среброто го освои Американецот Кристофер Нилсен со скок од 5,94 метри, а Филипинецот Ернесто Џон Обиена скокна со иста висина и ја освои бронзата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот