Дрон НП „Пелистер“ / Фото: ЈУНП „Пелистер“-Битола

ВИДЕО | Националниот парк „Пелистер“ ќе користи дрон за справување со пожари

Националниот парк „Пелистер“ за справување со пожари на отворено, ќе користи дрон, соопшти директорот на националната установа Иванчо Тошевски.

-ЈУ Национален парк „Пелистер“ првпат во својата историја употреби дрон кој овозможи да се надгледува шумски пожар на отворен простор и брзо да се дејствува. Оваа активност ја спроведовме во соработка со општинскиот Кризен штаб на симулациска вежба, а по извршената анализа констатиравме дека со активирање на единствен команден систем овозможен преку дрон, брзо се гасне пожар и се спасуваат лица доколку тоа е потребно, изјави Тошевски за МИА.

Ставањето во функција на нови технологии за брзи интервенции е дел од стратегијата на ЈУ Национален парк „Пелистер“ за што поддршка има и од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот