Фото: Instagram

ВИДЕО | „Девојката со крилјата“ го објави најемотивното видео до сега: „Ова е најубавото нешто кое го видов денеска“

Дејана Бачко позната како „Девојката со крилјата“, ја видела својата мала ќерка Лара како ја имитира, па го повикала својот сопруг Марко да го сними овој прекрасен момент.

Дејана е уметница, сопруга, мајка, вози автомобил, тренира … Со еден збор таа е супержена која е тука да не потсети дека не смееме да бидеме мрзливи и да наоѓаме изговори за сопствениот неуспех, затоа што, ако сакаме се е возможно.

На својот Инстаграм профил таа сподели емотивно виде од нејзината ќерка која го имитира нејзиното цртање со прстите на нозете.

– Ова ме расплака – напиша таа.

„Најубавото нешто што го видов денес“, „Ова е пример како децата да учат од своите родители …“, се само дел од коментарите под видеото.

Психологијата вели дека децата учат преку моделирање на однесувањето – гледајќи што прават нивните родители, а не кажуваат. Затоа постојано се истакнува моќта на постапките над зборовите и претпазливоста во однесувањето пред дете кое е во формативни години на развој.

Нема сомнеж дека ќерката на храбрата Дејана ќе биде мултиталентирано дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот