Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Денвер убедливо ја совлада Јута со нов дабл-дабл учинок на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата ја совладаа Јута со 129:93, а српскиот репрезентативец Никола Јокиќ оствари дабл-дабл учинок на натпреварот.

Јокиќ одигра три четвртини и запиша 27 поени, 14 скокови и шест асистенции, по што тренерот го одмори во последната четвртина.

Кај Нагетс, Мајкл Портер Џуниор постигна 20 поени, Расел Вестбрук забележа 17 поени и седум асистенции, а Кристијан Браун имаше 16 поени.

Најдобри играчи за Џез беа Колин Секстон со 20 и Кајл Филиповски со 18 поени и 13 скокови.

Денвер е на третата позиција (47-28) на Западот, а во истата конференција Јута е на последната 15 позиција (16-59).

НБА лига, резултати:

Детроит – Кливленд 133:122
Бруклин – ЛА Клиперс 100:132
Торонто – Шарлот 108:97
Милвоки – Њујорк 107:116
Минесота – Феникс 124:109
Њу Орлеанс – Голден стејт 95:111
Денвер – Јута 129:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот