фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО: Денвер на чекор од големото финале, Јокиќ влезе во историјата на НБА лигата

Кошаркарите на Денвер го совладаа домашниот Лејкерс во Лос Анџелес со резултат 119:108 во третиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата.

За Нагетси повторно најефикасен беше Канаѓанецот Џамал Мареј со 37 поени, седум скока и шест асистенции.

Во победничките редови се истакна и Никола Јокиќ кој постигна 24 поени, шест скокаи и осум асистенции.

Воедно Србинот уште еднаш влезе во историјата на НБА, тој е само вториот играч кој забележеа 2000 поени, 1000 скока и 800 асистенции во една сезона. Пред него тоа го направи само еден кошаркар, Оскар Робертсон во сезоната 1961/1962.

На спротивната страна за „езерџиите“ Ентони Дејвис запиша „дабл-дабл“ учинок од 28 поени и 18 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот