Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | Дејвид не го тргна погледот од Викторија: И по 26 години брак, тие сè уште изгледаат неверојатно

Дејвид и Викторија Бекам пристигнаа на Модната недела во Париз, а со оглед на нивната популарност, беше невозможно да останат незабележани. Овој пар речиси 26 години привлекува внимание каде и да се појави, особено поради внимателно одбраните и усогласени модни комбинации.

Дејвид изгледаше одлично во црн смокинг во комбинација со бела кошула и бел шал околу вратот. Додека пак познатата дизајнерка, се одлучи за едноставност која ги освои и најголемите модни критичари.

Нејзината црна креација имаше долги ракави и совршено ја следеше линијата на телото се до подот, а набраниот дел кај колковите беше и единствениот детал на фустанот, а она што го забележаа сите е дека Дејвид не го тргна погледот од својата сопруга.

Со црните салонки и впечатливиот накит Викторија ја заокружи својата модна фантазија, додека заедно со Дејвид им позираше на насобраните фотографи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот