Фото: Принтскрин/ ТикТок

ВИДЕО | Дедо криел Библија стара речиси 300 години на поткровјето

Еден дедо му открил на своето семејство, по речиси девет децении, дека цело време на таванот била скриена Библија стара со векови. Тиктокерката Кејти објави видео на кое се гледа како нејзиното семејство прелистува огромна, стара книга и коментира колку се детални текстовите и илустрациите.

На видеото се гледа и еден дедо како гледа низ Библијата, ги врти страниците и ги чита.

@sweatshirtgorly im signing it w my insta username ?? #fyp #scared #grandpa ♬ original sound – Moses Murisho

„Дедо чекаше да има 88 години за да ни каже дека имаме Библија стара 300 години на таванот“, напишала Кејти во описот на видеото. Откако беше објавено, видеото стана вирално и досега собра повеќе од 18,7 милиони прегледи, 3,9 милиони лајкови и илјадници коментари од следбеници.

Едно лице напиша: “Здраво, јас сум библиотекар. Не ја давајте никому, на ниту една институција, не ја продавајте без професионална проценка. Буквално се пенам од возбуда поради ова богатство, о Боже!”

Друго лице коментираше: „Дали навистина е толку стара? Најстариот датум на списокот е 1844 година. Изгледа повеќе како да е од 1840-тите отколку од 1720-тите“.

Кејти на ова одговорила со објаснување: „Кутијата во која ја најдовме беше означена 1747 година, па се водев по тој датум“. Ако тоа е вистина, Библијата би била стара 248 години. Во продолжение на приказната, Кејти објасни дека не очекувала толкаво внимание за видеото. Таа открила и дополнителни информации за Библијата: „Сето тоа е напишано на германски, јас не читам германски, не зборувам германски, па ако некој бара превод или толкување, тоа не сум јас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот