фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Далас може и без Дончиќ, Вориорси убедливи против Сакраменто

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс убедливо го совладаа Сакраменто кингс во НБА лигата со конечен резултат 132:106.

Кари и соиграчите од стартот доминираа, а натпреварот го завршија со неверојатни 40 асистенции. Веќе имаа благо водство (+3) во првата четвртина, кое до полувремето порасна на +15. Во третата четвртина продолжија со одличен проток на топка и одбрана, влегувајќи во последните 12 минути со големи +17 водство. Кингси немаа одговор, а единствен во нивните редови расположен беше Демар Дерозан со 34 поени.

Најдобри играчи во победничкиот тим беа Мозес Муди и Бади Хилд со по 22 поени.

Далас маверикс настапи без класичен центар, но сепак успеа да го совлада Њу Орлеанс пеликанс (111:103).

Без Ентони Дејвис, Даниел Гафорд и Дерик Лајвли мораа да импровизираат, како и без Лука Дончиќ кој се пресели во Лос Анџелес лејкерс, но најдоа начин да одржат победнички ритам. Кајри Ирвинг беше најефикасен со 35 поени во победничките редови, а најдобар стрелец кај Пеликанс беше Зајон Вилијамсон со 29.

НБА лига, резултати:

Кливленд кавалирс – Њујорк никс 142:106
Орландо меџик – Мемфис гризлис 104:105
Вашингтон визардс – Милвоки бакс 101:104
Торонто репторс – Мајами хит 111:120
Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс 111:103

Сан Антонио спарс – Детроит пистонс 110:125
Хјустон рокетс – Минесота тимбервулфс 121:115
Јута џез – Оклахома Сити тандер 107:130
Сакраменто кингс – Голден Стејт вориорс 106:132

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот