д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари / Утрински брифинг

ВИДЕО | Д-р Чолакова Дервишова: Матичните лекари протестираат, ќе работат само со итни случаи

Матичните доктори за денеска најавија предупредувачки протест револтирани како што велат од малиот процент на пари што ги добиваат од Здравствениот фонд. Ќе седат во своите ординации но, ќе бидат на располагање само за итните случаи.

Додаваат дека веќе подолго време се соочуваат со финансиски проблеми и доколку не се подобри состојбата во примарното здравство може да дојде до затворање на ординации.

Тие велат и дека се незадоволни и од, како што велат, игнорантскиот однос од Фондот во врска со нивните барања. Веќе оствариле две средби со министерот за здравство, а попладне ќе имаат средба и со заменикот министер, па се надеваат дека заеднички ќе најдат решение за проблемите во примарното здравство.

Во Утрински брифинг гостуваше д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари, која говореше за актуелните проблеми на матичните лекари.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот