ВИДЕО: Циклон пустоши низ Бангладеш, најмалку 28 мртви

Бангладеш/ Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Бројот на загинати од циклонот Ситранг во Бангладеш се искачи на 28, објавија официјални лица.

Оттаму соопштија дека утрово биле пронајдени телата на четворица членови на екипажот, кои претходно биле прогласени за исчезнати.

Како последица на циклонот милиони луѓе останаа без струја, пишува АФП.

Циклоните, еквивалентни на ураганите во Атлантикот или тајфуните во Пацификот, се редовна закана за областа каде што се наоѓа Бангладеш, но научниците предупредуваат дека ваквите појави би можеле да станат поинтензивни и почести поради климатските промени.

Владата на Бангладеш соопшти дека 10.000 домови се уништени или оштетени, како и посевите на големите фарми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот