ВИДЕО: ЦИА се обидува да врбува руски разузнавачи

фото: Википедија

Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави видео со висока продукција на руски јазик со кое се обудува да ги увери руските разузнавачи да ја сменат страната и да станат двојни агенти на Вашингтон.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во јули изјави дека незадоволството кај некои Руси поради војната во Украина создава единствена можност за регрутирање шпиони и дека организацијата тиа нема да го пропушти.

Видеото објавено на официјалниот канал на ЦИА на „Икс“ има за цел руски патриоти вработени во разузнавачката заедница кои се сметаат за измамени поради корупцијата во елитните кругови и лошата опрема и снабдување на руските вооружени сили.

„Оние околу вас можеби не сакаат да ја слушнат вистината. Но, ние сакаме. Не сте беспомошни“, им се порачува во речиси триминутното видео, во кое се наведени и начини за стапување во контакт со американската агенција.

Главниот лик во видеото, придружуван од меланхолична класична музика, е измислен 35-годишник, вработен во воено-разузнавачка агенција. Тој е претставен како патриот кој ја сака Русија и некогаш служел како падобранец.

„Дали имам доволно храброст да се спротивставам на ова предавство?“, вели тој во видеото, пред да открие дека сфатил дека вистинските непријатели во Русија се корумпираното раководство и елитата.

„Највисокото раководство ја продаде земјата за палати и јахти, додека нашите војници џвакаат скапани компири и пукаат од праисториско оружје. Нашите луѓе се принудени да плаќаат мито за да најдат работа“, продолжува 35-годишникот во видеото, кое ги спојува снимките од бледата руска зима со луксузни автомобили и шампањ.

Главниот лик потоа посочува како неговиот патриотизам го поттикнал да соработува со ЦИА, а на крајот се гледа како контактира со таа американска агенција.

Кремљ ги отфрли тврдењата за лошо опремена војска изнесени на видеото. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека ваквата практика на користење на медиумите и социјалните мрежи за регрутирање е вообичаена и дека ЦИА тоа го прави секоја година.

Песков додаде дека ЦИА направила грешка бидејќи го објавила видеото на „Икс“, поранешен Твитер, мрежа која е забранета во Русија и на неа може да се пристапи само преку VPN.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот