
ВИДЕО | Цел балкон се урна од зграда во Грција, за малку ќе убиеше жена
Жената што се нашла во непосредна близина на местото на падот поминала само со полесни повреди.
Балкон од двокатна зграда се урнал и за малку не усмртил жена што минувала по тротоарот, забележале безбедносните камери во грчкиот град Лаврио, објави newsit.gr.
Препорачано
Несреќата се случила вчера попладне во зграда на чие приземје се наоѓала многу фреквентна аптека. Првин дел од парапетот се одвоил и паднал врз конструкцијата, по што целиот балкон се урнал на улицата пред аптеката.
Жената што се нашла во непосредна близина на местото на падот имала голема среќа и поминала само со полесни повреди. Оштетени се неколку автомобили.
Големи парчиња бетон паднале од висина од околу два метра, оштетувајќи четири паркирани возила и предизвикувајќи значителна материјална штета.
Локалните власти прават увид на местото на настанот за да се утврдат причините за уривањето и за можната одговорност за пропустите во одржувањето на зградата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25сек
-
5мин
-
14мин
-
39мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5