фото: EPA-EFE/JOSE JACOME

ВИДЕО | Бразил ремизираше без голови во дебито на Карло Анчелоти

Бразилската фудбалска репрезентација одигра нерешено 0:0 против Еквадор во првиот натпревар на Карло Анчелоти како селектор на Бразилците.

Во 15 коло од јужноамериканските квалификации, бразилските репрезентативци стигнаа до 22 бодови и останаа на четвртото место, со 12 бодови помалку зад првопласираната Аргентина.

Еквадор беше и подобар тим на теренот, а тимот на Анчелоти создаде една сериозна шанса на натпреварот преку Винисиус Жуниор.

Бразил во следната рунда ќе игра дома против Парагвај, додека Еквадор се среќава со Перу.

Аргентинската репрезентација го победи Чиле со 1:0 и го потврди првото место на табелата во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Стрелец за „гаучосите“ беше Хулијан Алварез во 16 минута.

На табелата Аргентина е на врвот со 34 бодови, додека Чиле е на последното 10 место со 10 бодови. Во следната рунда Аргентинците на 11 јуни ќе ја пречекаат Колумбија, додека еден ден порано Чиле ќе гостува кај Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот