ВИДЕО | Божиновски: Бугарија ја користи нашата желба да им угодиме на другите

Владимир Божиновски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Најмалку што ѝ треба на ЕУ е да се расправа за нови членки како што се Македонија и Албанија. Оттаму немаат фокус и Бугарија си ја тера својата политика, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски своето гостување во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

– Не се знае дали Грција барала нешто од нас или Заев им го подарил тоа, некако се чувствува таа желба да им се угоди на другите. Тоа е тој проблем кога некој ќе те исперцепира како држава која е подготвена да се откаже од својата државност, тогаш зошто некој да не го искористи тоа? Всушност, Бугарија виде шанса во тоа, после она што се случи со Грција. Јас дваесет години говорев дека времето не работи за Македонија, туку работи против Македонија во грчко-македонскиот спор. Се избра најлошиот македонски естаблишмент за да го реши тој проблем. Заев и останатите околу него се луѓе кои немаат никакво чувство за државност, за националност. Тоа беа луѓе кои беа спремни да поминат преку сѐ.

Пак се враќа историската бугарска комисија која вели дека македонската страна не прифаќа дека имаме заедничка историја и затоа нема напредок. Какви се тие ставови? Не може друга држава да менува историја и цела фрустрација од минато да ја истура врз нас. Ние, наместо да направиме обид да изградиме силна македонска позиција, повторно сѐ некако се крие, вели Божиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот