ВИДЕО: Бостон со 52 коша разлика го декласираше Голден Стејт

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Бостон убедливо го совлада Голден Стејт со 140:88 во НБА кошаркарската лига во неделата навечер. Најдобриот тим во лигата на тој начин ја постигна третата најголема победа во историјата на клубот, додека Вориорси го претрпеа четвртиот најтежок пораз до сега.

Бостон водеше со 82:38 на полувремето во ТД Гарден, а тие 44 поени разлика е најголемата предност во историјата на клубот. На почетокот на третата четвртина беше и +51, но тренерот на Бостон Џо Мазула во тој момент се сврте кон играчите од клупата.

Џејлен Браун постигна 29, Џејсон Тејтум 27 и Пејтон Причард 19 поени во третиот натпревар на Бостон од 50 плус сезонава, единствениот НБА тим што некогаш го постигнал тоа.

Покрај тоа, тие ја продолжија својата победничка серија на 11 натпревари и сега се наоѓаат на врвот во лигата со скор од 48-12. Вориорс имаат скор 32-28.

НБА лига, резултати

Далас – Филаделфија 116:120
Бостон – Голден Стејт 140:88
Минесота – ЛА Клиперс 88:89
Орландо – Детроит 113:91
Торонто – Шарлот 111:106
Кливленд – Њујорк 98:107
Сан Антонио – Индијана 117:105
Феникс – Оклахома Сити 110:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот