фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Бока јуниорс ремизираше против Бенфика на Светското клупско првенство

Групата Ц на Светското клупско првенство конечно им овозможи на навивачите во САД сериозен, квалитетен фудбал.

Откако Баерн Минхен постигна 10 гола против немоќниот Окленд Сити во првиот натпревар, Бока јуниорс и Бенфика одиграа возбудлив натпревар, достоен за натпреварување кое, барем на хартија, се нарекува Светско клупско првенство.

Головите за аргентинската екипа Бока јуниорс ги постигнаа Мигел Мерентиел во 21 минута и Родриго Батаља во 27 минута.

Стрелци за португалскиот претставник Бенфика беа Анхел ди Марија од пенал во самиот финиш од првото полувреме (45+3`) и Николас Отаменди во 84 минута.

Бока го заврши мечот со 10 играчи на теренот, откако Белоти доби црвен картон во 72 минута.

Во второто коло од групата Ц ќе се сретнат Баерн и Бока јуниорс, додека Бенфика ќе игра против Окленд сити.

Светско клупско првенство 2025

Група Ц, 1 коло

Баерн Минхен – Окленд сити 10:0
Бока јуниорс – Бенфика 2:2

Табела: Баерн Минхен 3 бодови, Бока јуниорс 1, Бенфика 1, Окленд сити 1.

2 коло, двојки:

20 јуни Бенфика – Окленд сити
21 јуни Баерн Минхен – Бока јуниорс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот