
ВИДЕО | Бизарен „подарок“ за Малума: Обожавател му фрли патерица за време на настап
Обожавателите често им фрлаат подароци на нивните омилени изведувачи додека настапуваат, како градници, гаќички, рози, мечиња, а сега очигледно и патерици. Тоа е случај со латино-ѕвездата Малума, кој моментално е на неговата светска турнеја „Дон Хуан“, пишува „Билборд“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во видеото кое стана вирално, се забалежува како обожавател од публиката фрла патерица кон колумбискиот пејач, додека тој ја изведува својата песна „Mojando Asientos“. Она што е изненадувачко е неговиот многу брз рефлекс, да ја фати патерицата со едната рака.
Уште поинтересен е неговиот однос кон „подарокот“ кој прелета на сцената. Наместо да ја прекине песната и да го повика обожавателот, Малума само се насмеа и ја искористи патерицата како реквизит за својот настап.
Малума ја започна турнејата во Америка на 31 август во Сакраменто, Калифорнија, и досега, меѓу другото, имаше настапи во Сиетл, Лос Анџелес и Феникс.
Таа ќе се одржи во 30 градови, а треба да заврши на 4 ноември во Мајами. Се очекува Малума да ги посети обожавателите и во Лас Вегас, Хјустон, Чикаго, Бостон, Атланта, Орландо и многу повеќе.
Светската турнеја „Дон Жуан“ ја следи неговата успешна светска турнеја „Папи Хуанчо“, која се одржа низ САД, Европа, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток од 2021 до 2022 година.
Во продолжение погледнете го видео со Малума како ја фаќа патерицата:
— v (@ViralMaterialz) September 11, 2023