ВИДЕО | Бислимоски: Во делот што го регулира Регулаторната комисија, зголемување на цената на струјата нема да има

Марко Бислимовски - директор на регулаторна комисија / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за „Слободен печат“ изрази уверување на на први јуни оваа година, РКЕ во рамките на своите надлежности нема да дозволи поскапување на електричната енергија.

„Во делот којшто го регулиура односно за цена за пренос на електрична енергија, цена за дистрибуција и цена на оператор на пазар, одговорно тврдам дека ќе нема никаква промена за тоа што ние кажуваме и ние регулираме. На другите работи не можеме да влијааме, но можам да ветам дека таму каде ние регулираме, ќе нема никаква промена“, рече Бислимоски.

Бислимоски објасни и зошто одредени домаќинства месецов добиле повисоки сметки за електрична енергија и повика, граѓаните да поднесат приговори, по што сметките би им биле коригирани.

„Бидејќи не може операторот на диструбивниот систем сите броила одеднаш на 31-ви да ги отчита, направена е проценка. Кај поприличен број на домаќинства, таа проценка е погрешна, односно не е толкава потрошувачката и поради тоа има зголемени трошоци за електрична енергија, не поради цената, туку поради количината. Има жалби кај нас и 90% од тие жалби ние ги прифааме и го тераме операторот на дистрибутивниот систем, да најде начин да ја стави реалната состојба, бидејќи се гледа дека е ставена некоја состојба на броилото која и по пет до десет дена по издавање на фактурата, домаќинството се` уште не ја достигнало. Така што граѓаните кои се незадоволни можат да поднесат барање до РКЕ, но мора преку ЕВН, затоа што тоа е управна постапка и доколку ги исполнуваат тие услови, ќе биде намалена нивната сметка“, посочи Бислимовски.

Целото интервју со Марко Бислимоски, претседател на РКЕ погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот