фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

ВИДЕО: Барса среќно до реми, несреќен автогол во мрежата на Димитриевски

Денеска во 14 коло од „Ла Лига“ екипите на Рајо Ваљекано и Барселона одиграа нерешено со резултат 1:1 во Мадрид.

Домашните фудбалери по првото полувреме имаа водство кое го донесе Лопез во 39 минута од средбата.

Оваа предност Рајо ја имаше до 82 минута кога несреќно автогол си постигна Французинот Лежен во мрежата на македонскиот репрезентативен голман Димитриевски.

Таа одеше кон главата на полскиот напаѓач Левандовски, но Лежен не реагираше најдобро во дефанзивниот дел.

Барса е третопласирана во шпанското првенство со 31 бод, додека Рајо Ваљекано која веќе четири натпревари во низа не знае за победа, се наоѓа на осмата позиција со 19 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!