ВИДЕО: Барса од 0:2 до 3:2 против Селта, два гола на Левандовски

фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Селта после пресврт (3:2) во рамките од шестото коло во најсилната шпанска лига.

Гостите на Олимпискиот стадион во Барселона водеа со 2:0 до 81 минута со погодоците на Ларсен и Дувикас, но на крајот не успеаја да освојат ниту еден бод.

Левандовски со два гола успеа да донесе нов егал на мечот, а пресвртот на каталонскиот гигант го комплетираше Жоао Кансело.

Барса повторно е на врвот на табелата во „Ла Лига“ со 16 бодови, додека Селта е на 17 позиција со четири.

Во следното коло Барса ќе гостува кај Мајорка, додека Селта Виго ќе го пречека Алавес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот