ВИДЕО: Барса и Дортмунд во нокаут-фазата на ЛШ, Атлетико Мадрид му направи „услуга“ на Лацио

Жоао Феликс („Барселона“)/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Во групата „Е“ ги дознавме двете екипи кои обезбедија пласман во нокаут-фазата од фудбалската Лига на шампионите, тие се Атлетико Мадрид и Лацио.

Лацио претходно триумфираше над Селтик со 2:0 и чекаше добри вести од Холандија и тоа се случи, Атлетико Мадрид го совлада Феенорд со 3:1. Така, на едно коло до крајот Атлетико е прв со 11 бодови, еден повеќе од Лацио. Третопласираниот Феенорд кој има шест бодови ќе продолжи во Лига Европа, а Селтик е на дното со еден бод.

Во групата „Ф“ Борусија Дортмунд се промовираше како нов учесник во следната фаза откако со 3:1 го совлада Милан на „Сан Сиро“. „Росонерите“ можеа први да дојдат до водство, но Жиру не беше прецизен од пенал во шестата минута.

Казнија „милионерите“ во 10 минута од белата точка преку Ројс, а израмнување видовме во 37 минута кога стрелаше Чуквуезе. Германците дојдоа до триумфот со погодоците на Бајно-Гитенс (59) и Адејеми во 69 минута.

Во вториот меч одигран во Париз ремизираа ПСЖ и Њукасл (1:1). Англичаните долг период имаа позитива од 24 минута со голот на Исак, а Французите го избегнаа поразот од пенал во судиското надополнување (90+8`) од пенал преку Мбапе.

Сега ситуацијата на табелата е следна: Дортмунд 10 бодови, ПСЖ 7, Њукасл 5, Милан 5. Во следното коло ПСЖ гостува кај Дортмунд, а Њукасл ќе го пречека Милан.

Во групата „Г“ од претходно беше јасно дека во нокаут-фазата одат Манчестер сити и Лајпциг. Овие две екипи се сретнаа на „Етихад,“ Германците водеа со 2:0, но играчите на Пеп Гвардиола направија целосен пресврт. Во директна пресметка Јанг Бојс ја совлада Црвена звезда со 2:0 и така Швајцарците ја обезбедија третата позиција која води во Лига Европа.

И во последната група „Х“ Барселона се промовираше како учесник во следната фаза откако со 2:1 триумфираше над Порто. Во директна пресметка во последното коло Порто ќе се сретне против Шахтјор Доњецк. Барселона е прва со 12 бодови, пред Порто и Шахтјор со по девет, а последен е Антверпен без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот