ВИДЕО: Автобус на ЈСП вози во спротивна лента кај мостот Влајко

Фото: Слободен печат

Наш читател на социјалните мрежи ни испрати видео снимено синоќа каде може да се види автобус како вози во спротивна лента.

Настанот се случил во близина на мостот Влајко во Влае.

Според информации од нашиот читател, се било во ред со патот, а која е точната причина за ваквиот настан останува нејасно.

За среќа во тој временски период улиците биле празни.

На видеото може да се види дека возачот на автобусот најпрво го блокира патот, обидувајќи се да го заврти, а потоа и како продолжува во спротивната лента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот