фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

ВИДЕО: Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

Шведскиот натпреварувач во скок со стап Арманд Дуплантис продолжи да испишува историја во светот на атлетиката.

По Олимпијадата, тој повторно успеа да го собори светскиот рекорд на митингот на Дијамантската лига.

По резултатот од 6,25 метри од Париз, овој пат Дуплантис скокна 6,26 м.

Ова врвно достигнување на Швеѓанецот му донесе и 100.000 долари.

На видео записот можете да го погледнете новиот светски рекорд на Дуплантис:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот