ВИДЕО АНКЕТА| Народни кујни и за студенти, храната не треба да се фрла, има многу гладни

Фото: Слободен печат- Принскрин

Во Неделата за борба против глад „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку се свесни за бројот на гладни во државава, колку донираат храна и дали Македонците треба повеќе да донираат храна? Одговорите се различни, дел се свесни дека бројката на гладни во светот расте, но и во земјава има многу гладни. Други велат дека државата треба да најде начин да се бори против гладот. Но сите се согласни со едно, дека храната не треба да се фрла.

– Многу е битно свеста да е довно развиена, ние донираме храна како поединци, но државата треба да го реши проблемот. Храна не треба да се фрла, не е во ред, треба да се најде начин да стигне до гладните- вели еден граѓанин.

Друг објаснува дека свеста не е доволно развиена, само на себе се мисли, треба да се отворат повеќе народни кујни.

-Донирам храна секогаш кога сум во можност, треба да се најде начин секој од нас да дониира храна. Свеста за донирање е голема кај некои луѓе, но немаат можност да донираат бидејќи немаат финансии. Храната од ресторани која останува треба да стигне до тие на кои им треба, наместо да се фрла- вели една скопјанка.

Друг објаснува дека прво треба да се види што јадеме, квалитетот на храната е никаков, немаме свест за донирање на храна.

-Ресторани фрлаат храна овде, јас сум од странство. Таму не се фрла храна. Свесен сум за број на гладни, но не сум моќен нешто да направам. Храна која останува не ја фрлам, ја давам на улични животни- вели странецот.

Млад студент вели дека полесно е да се фрла храна отколку да се донира.

– Свеста не е развиена доволно. И за студенти може народни кујни да се направат, не мора да се донира храната, но да биде поефина, подостапна за сите кои се студенти- вели студентот.

Тој вели дека донира храна. Постара госпоѓа вели дека има многу гладни, за пет денари поефтино се оди долго пешки да се купи.

– Секаде во светот се бара начин храната да се даде на тие на кои им треба. Сите кои се богати на запад отвараат кујни. На тој начин прават некој имиџ. Едни имаат премногу и фрлаат храна, а други не можат да јадат. Не е во ред храната да се фрла- вели госпоѓата.

Друг објаснува дека не е свесен колку има гладни во државава. Мисли дека дел од ресторани донираат, но не сите, се полнат контејнери со храна.

– Свеста е многу ниска за донирање на храна. Мора да се најде начин да стигне храната до тие на кои им треба. И тие кои немаат треба да бидат повикани во ресторан, да има некој ден за нив да видат како е да се јаде таму- вели еден скопјанец.

Целата видео анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот