ВИДЕО | Андоновиќ: Воена психоза или терористички напад – Украински војник застрела петмина свои колеги во фабрика за оружје

Вагнер во Украина /Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Пет лица загинаа, а пет се повредени кога војник на украинската национална гарда пукал во чуварите во воена фабрика во централна Украина. Војникот е во бегство, а причините за нападот се уште не се познати.

Војниците стоеле во ред чекајќи да го задолжат оружјето кое треба да го имаат за време на стражарската смена . Од засега непознати причини еден од нив отворил оган врз останатите свои колеги.

Полицијата трага по избеганиот војник.

Инцидентот се случува во време на затегнатите односи меќу Украина и НАТО од една страна и Русија од друга. Во моментов украинската армија се наоќа во степен на најголема борбена готовност, па информацијата за убиството на војниците на момент беше шпекулирана дека се работи за престрелка помеѓу завојуваните страни.
Сепак според најновите извештаи се работи за инцидент во кој, воената психоза веројатно изиграла голема улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот