ВИДЕО | Андоновиќ: Смена на Залужни, на негово место шефот на украинското разузнавање?

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека е неопходно кадровско обновување на целиот административен апарат на земјата, не само на неговата воена компонента.

– Неопходно е ресетирање и нов почеток. И ова не се однесува на еден човек, туку на група високи функционери и не само во воениот сектор. Размислувам за тоа разрешување (на Залужни), вистина е – рече Зеленски во интервју за италијанската државна телевизија „РАИ 1“, одговарајќи на прашање за евентуална оставка на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валери Залужни.

Според претседателот на Украина, замената на „еден човек не значи дека ќе се промени целиот систем“. Осврнувајќи се на промените во највисоките кругови на украинските власти, Зеленски предложи Киев „да се движи во една насока“ и „да има позитивна енергија, оставајќи ја негативната енергија дома“.

„Кога зборувам за ресетирање и промена на персоналот, мислам на нешто сериозно што не се однесува на една личност, туку на насоката на целото раководството на земјата“, додаде тој.

Според британскиот весник „Фајненшл тајмс“, Зеленски на 29 јануари се сретнал со Залужни и го поканил доброволно да поднесе оставка и да ја преземе функцијата советник. Списанието „Економист“, пак, тврдеше дека на генералот му била понудена функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, но тој ја одбил.

Руските медиуми пак објавија дека наводно шефот на главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, е номиниран за позицијата главен командант во украинскиот генералштаб, но тој исто така одбил во последен момент.

Руски претставници на неколкупати досега тврдеа дека Буданов, е штитеник на британските специјални служби.

Претставникот на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, за руските медиуми изјавил дека Буданов бил назначен од британските специјални служби и дека е под контрола на британската надворешна разузнавачка служба МИ6.

Според него, во Украина се интензивира борбата за позицијата врховен командант на украинските сили, која наскоро би можела да биде испразнета.

– Британците, кои ја водат играта во Украина на неколку нивоа, сакаат да го видат Буданов на местото на Залужни. Сега се оди кон тоа дека ќе има промени. Тоа е само прашање на време и датум, рече Рогов.

Претходно „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори, дека Киев ја информирал Белата куќа дека претседателот на Украина Володимир Зеленски има намера да го смени врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот