ВИДЕО | Андoновиќ: По НЛО и шпиoнските летала, сега непосреден контакт на руското и НАТО воздухопловство

Анализа со Дејан Андоновиќ/ Фото Слободен печат

Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на американската сојузна држава Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на САД (НОРАД).

Америкнаснките борбени авиони извршиле таканаречено „рутинското пресретнување“ на руските тешки бомбардери од типот Ту-95 и ловци Су-35. Тие „останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор“, соопшти НОРАД.

Во соопштението се истакнува дека слична руска активност се забележува „редовно и не се смета за закана или провокативна активност“.

Идентична блиска средба на НАТО воените воздухопловства со руските бобрени авиони биле регистрирани и во близина на Полска.

Веднаш откако биле забележани, два холандски борбени авиони од типот „Ф-35“ ги пресретнале трите руски воени авиони кои летале во борбена формација во близина на Полска. По дадените сигнали, руските пилоти се откажале од првичната рута на летање и придружувани од холандските авиони го напуштиле воздушниот простор на оваа источноевропската земја членка на НАТО.

Воздушните „блиски средби“ на НАТО и Русија изминативе денови се интензивираа, а доаѓаат по инцидентот со кинескиот шпионски балон, кој неодамна беше урнат од страна на воздухопловството на САД и чии остатоци паднаа во водите на Атланскиот Океан. Во последниве недела дена биле регистрирани вкупно четири, засега неидентификувани летечки објекти над небото на САД и Канада, кои беа урнати од страна на американското воено воздухопловство.

Засега нема прецизни сознанија какви се овие летала ниту пак чии се, но освен првичното сомневање за вознемско, сепак на крај вината за нивното летање беше префрлена на сметка на Кина. Особено што многумина сметаат дека Пекинг изведува шпионски активности низ американскиот континент во пресрет на започнувањето на долгонајавуваната интервенција врз Тајван. Дополнителен доказ за тоа е и тврдењето на Јапонија и Јужна Кореја дека забележале слични летала, со што се потврдува и нивната присутност во регионот на Пацификот.

Што се однесува до руските борбени авиони кои случајно или не го зачестија повредувањето на воздушниот простор на НАТО земјите, се поврзува со војната во Украина и најавите дека земјите на алијансата би можеле да и испорачаат на Украина борбени авиони. Целта на Русија е најверојатно да ја извидува фактичката состојба и евентуално да ја демонстрира својата надмоќ во воздух.

Оттаму и предупредувањето на Москва дека доколку НАТО и испорача на Украина борбени авиони, целосно ќе биде инволвирана во војната против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот