ВИДЕО | Андоновиќ: Напади врз Украина и врз Сирија, руски авиони над Алјаска

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

Русија утринава изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, при што загина едно лице на југ и активирани системи за противвоздушна одбрана во главниот град, каде се слушнаа неколку експлозии.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека се распоредени системи за противвоздушна одбрана и ги повика луѓето да останат во нивните засолништа. Тој рече досега е потврдено едно загинато лице во најновиот напад врз главниот град на Украина.

Од експлозијата биле оштетени и два високонапонски водови ракетата, рече Кличко, што предизвикало прекин на електричната енергија во некои области.

Во ракетен напад на југ во Миколаев загина едно лице, а оштетени се најмалку 20 станбени згради, а пријавени се и неколку повредени, изјави градоначалникот на градот, Олександр Сиенкевич.

Напади се забележани и во областите на западна Украина околу градот Лавов, пренесува „Гардијан“.

И Израел, покрај копнената операција против палестинските милитанти во Појасот Газа, ги интензивираше ракетните напади врз соседна Сирија.

Според извештаите Израел истрелал проектили врз градот Хомс во Сирија, а според воени извори пренесени од агенцијата САНА нападите биле насочени кон голем број точки во градот Хомс и неговата околина.

Сириската воздушна одбрана собори неколку проектили, изјави овој извор за агенцијата.

САНА наведува дека во овој ракетен напад има повеќе цивилни жртви.

Израел со години изведува ракетни напади врз, како што тврди, цели поврзани со Иран во Сирија, а од почетокот на конфликтот со палестинскиот Хамас на 7 октомври овие напади беа интензивирани.

На воена тензија и страв од евентуални непријателски дејствија не се имуни ниту САД. Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД)објави дека открила четири руски воени авиони кои оперираат во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (АДИЗ).

Како што пренесува Ројтерс, рускиот авион останал во меѓународниот воздушен простор и не навлегол во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор, соопшти НОРАД.

Сепак воената тензија очигледно почна да се чувствува низ сите светски меридијани, што ги алармира повеќето држави во светот да ја зголемат својата будност и да ги засилат своите одбранбени капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот