Рускиот претседател Владимир Путин на 10-тиот парламентарен форум на БРИКС во Санкт Петербург, Русија/EPA-EFE

ВИДЕО | Анализа: Се појави алтернатива во нашето „нема алтернатива за ЕУ“

Гледаме зголемен интерес од Европската Унија, Европската комисија, вкулително и од Европскиот совет за земјите од Западен Балкан, нешто што долго време не беше случај, вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

– Долго време тие беа незаинтересирани за регионот и зошто наеднаш ние им станавме поубави, интересни и примамливи за да влеземе во нивното друштво, но во меѓувреме се случи нешто во градот Казан, Русија, каде се одржа состанокот на земјите БРИКС, кој според обемот и агендата се покажа како историски.

Мултиполаризмот е веќе реалност и алтернатива доби онаа наша максима „за ЕУ нема алтернатива“.

Затоа наеднаш и Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел се многу заинтересирани за нашите евроинтеграции, па дури слушнавме и најави дека нашата преговарачка рамка поврзана со уставните измени би можела да добие изменета верзија.

Овие геополитички случувања би можеле многу да олеснат нашиот пат во ЕУ – вели Ивановиќ.

Целата анализа погледнете ја на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот