Теми Абрахам во финишот постигна израмнувачки гол за Рома против Витесе/Рим, Италија/17 март 2022/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ВИДЕО: Абрахам е херојот на Рома, Феенорд пресилен за Партизан

Денеска се одиграа сите осум осминафинални реванш натпревари, а во следната фаза од Конференциската лига се пласираа Славија Прага, Лестер сити, Марсеј, ПАОК, Рома, Феенорд, ПСВ Ајндховен и Бодо/Глимт.

Рома на домашен терен одигра 1:1 против Витесе, но благодарение на победата во првиот меч (1:0) се пласираше во четвртфиналето.

На стадионот „Олимпико“ во Рим немаше голови во првото полувреме, а во второто во 62 минута Холанѓаните дојдоа до изненадувачко водство преку Витек.

Многумина помислија дека мечот оди во продолженија, но тоа не го дозволи Абрахам кој израмни во 91 минута за голема радост на „волчицата“.

Партизан беше немоќен во двомечот против Феенорд, холандскиот претставник триумфираше и на возвратната пресмета со 3:1 и со вкупни 8:3 се промовираше во четвртфиналист.

За домаќините по еднаш во листата на стрелците се запишаа Десерс (45`0, Нелсон (59`) и Линсен (90`), а на спротивната страна погодок имаше Гомес (61`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот