Ветувам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Во ПСЖ постојат две струи, едната сака да го продаде Мбапе, а другата се противи/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, им вети на навивачите дека неговиот тим ќе триумфира во елитното натпреварување.

ПСЖ во своето прво финале во Лигата на шампионите загуби од Баерн Минхен кој по шести пат стана европски шампион и засега не успева да го оствари сонот на сопствениците на францускиот тим, селелството катарското кралско семејство Ал Тани.

Тие му дадоа задача на Ал-Келаифи ПСЖ да стане европски шампион и за тоа не штедат средства. Досега се фрлени повеќе од 1.2 милијарди евра за засилувања како Нејмар, Мбапе, Кавани, Силва, Икарди, Верати, но во првото финале загубија од германскиот тим.

Тажни сме. Горд сум на моите играчи, имавме одлична сезона, игравме одлично на завршниот турнир во Лисабон, а во финалето имавме се што беше потребно да победиме, но ова е фудбал. Ќе се обидеме да дојдеме до титулата наредната сезона. Ветувам дека ќе ја освоиме ЛШ – изјави претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот