Ветеринарите откриваат: Можете ли да му дадете лубеница на вашето куче?

Фото: Pexels

Лубеницата не се смета за секојдневна закуска за кучињата, како што би било парче зготвено месо. Но, честопати сопствениците во летните денови го споделуваат ова овошје со своите миленици. Сега, ветеринарите ни откриваат, дали кучињата можат да јадат лубеница, и во која количиња, пишува „Д хелти“ (The Healthy).

Постојат одредени намирници кои никогаш не треба да му ги давате на вашето куче како што се чоколадото, грозјето и сувото грозје кои се отровни за сите раси на кучиња.

Што се однесува до лубеницата, ветеринарите велат дека кучињата можат да ја јадат, но секогаш во умерена доза. Лубеницата не треба да биде главен извор на исхрана за вашиот миленик, но може да биде забавна и здрава ужина.

Најважно е да ги отстраните кората и сите семиња од лубеницата, пред да му дадете на вашето куче, бидејќи тие можат да предизвикаат блокада на цревата. Иако, некои кучиња уживаат да ја јадат кората, тоа не е добра идеја бидејќи може да предизвика гастроинтестинални тегоби. Идеално е лубеницата да се пресече на ситни парчиња, со големина на залак.

Со оглед дека лубеницата се состои од 92 отсто вода, ова може да биде голема придобивка за кучињата, особено во текот на летото, за полесно да ја регулираат телесната температура. Исто така, лубеницата е богата со хранливи материи кои им се потребни на кучињата, вклучувајќи ги витамините А, Б-6 и Ц, како и калиум, што ќе помогне во одржување на нивниот добар и здрав имунитет.

Меѓутоа, постојат и одредени ризици ако редовно му давате лубеница на вашето куче. Лубеницата е нискокалорична, па доколку кучето правилно не се исхранува, јадењето лубеница може да доведе тоа да не внесува доволно калории за неговите потреби. Исто така, лубеницата може да предизвика гасови и надуеност кај кучињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот