Весковски: Младински културен центар во Општина Карпош

Душко Весковски/ Фото: Архива на Слободен печат

Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче”, ќе основаме Младински културен центар, каде што сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и да го прошируваат своето знаење, да разменуваат мислења и искуства, вети кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски во рамки на денешните активности од изборната кампања.

Проектот, како што појасни, предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалната, со дигитален пристап до одредена литература, заживување на кино салата, изградба на сензорна соба со која ќе овозможиме инклузија на децата со попреченост, како и создавање можности за реализација на голем број работилници, едукативни, културни и други настани.

-Ќе изгледа фантастично. Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики, истакна Весковски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот