Весковски: Финансиска поддршка за наставниците, реконструкција и надградба на Амфитеатарот на кејот на Вардар

Душко Весковски/ Фото: Архива на Слободен печат

Наставниците се клучна алка во воспитувањето и образувањето на младите генерации, кои се потенцијалните креатори и идни двигатели на општеството. Нивната мотивација и подготовка за изведување на работниот процес е клучна во спроведувањето на образовниот процес, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски.

Нашата цел, посочи тој, е да креираме соодветни платформи за редовна комуникација на наставниците во нашите основни училишта, која може да резултира со идентификација и последователна реализација на проекти за поддршка на нивната работа и за зголемување на квалитетот на работниот процес.

– Во рамките на можностите, ние ќе обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес. Клучниот проект за поддршка на оваа целна група е подигање на материјално-техничката опременост на училиштата, особено во правец на дигитализацијата на образованието, вели тој.

Весковски потенцира дека културните работници се нивниот прозорец кон културата, магијата на уметностите, пренесувањето на трајните вредности.

– Нашата поддршката на оваа фела, е приоритет, а главниот инструмент односно платформа за тоа, ќе биде Општинскиот центар на културата, со библиотека и циталница. Клучен проект за оваа целна група е реконструкција и надградба на Амфитеатарот на кејот на Вардар, кој треба да прерасне во општински културно-забавен центар на отворено, истакна Весковски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот