Фото: Принтскрин - Инстаграм

Венчаницата на Кери Бредшо и фустанот „Пепелашка“ на Блејк: Креации на Вивиен Вествуд кои „ќе живеат вечно“

Нејзиниот уметнички израз и креативност доминираа на светските модни писти, а ниту еден поголем настан не можеше да помине без креации со нејзиниот потпис. За жал, Вивиен Вествуд вчера нѐ напушти на 81 година, а како што изјавија нејзините претставници, таа починала во сон, опкружена со семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samstar Button (@samstarbutton)


Во нејзино име, но и на уметноста на која го посветила својот живот, ќе се потсетиме на некои од најубавите креации за кои се зборува и денес.

Блејк Лајвли во 2016 година се појави на филмскиот фестивал во Кан во светло син фустан од споменатиот дизајнер, а целата креација беше инспирирана од ликот на „Пепелашка“.

Во 2010 година, актерката Ен Хатавеј присуствуваше на премиерата на филмот „Алиса во земјата на чудата“ во незаборавна креација на Вивиен Вествуд.

Во 2011 година, Кристина Хендрикс се појави на премиерата на филмот „I Don’t Know How She Does It“ во металик црвен фустан.

Исто така, не треба да се заборави и познатата венчаница која ја носеше актерката Сара Џесика Паркер во филмот „Сексот и градот“, која модните фанатици ќе ја паметат вечно.

Вествуд дојде до израз на модната сцена во седумдесеттите години на минатиот век, со нејзините андрогини дизајни, маици со слогани и непочитувачки однос кон естаблишментот.

Таа беше непоколеблива активистка и на модната писта им даваше простор на темите кои се важни, како што се климатските промени.

Вивиен Вествуд: Бунтовничка која направи револуција во модата

Почина модната дизајнерка Вивиен Вествуд

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот