Велковски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочат важни законски решенија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно, деструктивно дејствување, на штета на граѓаните и на државата. Свесно и намерно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочат важни законски решенија, изјави пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

-Поради нивната деструктивност и неодговорност закочена е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје, најважен капитален проект за македонското здравство. ВМРО-ДПМНЕ го кочи и законот со кој ќе се унапреди енергетската ефикасност, со кој детски градинки, училишта и болници треба да добијат енергетски ефикасни фасади и нови, еколошки системи за греење. Како што претходно беа против зголемување на минималната плата, како што се противеа на раст на пензиите, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа парите да завршуваат кај граѓаните и во македонската економија. Како никаде во светот, опозициската партија се противи на законско решение со кое главниот град добива нов ефикасен и еколошки јавен транспорт, рече Велковски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ е против унапредување на земјоделството и изградба на три големи откупни центри и овие блокади се доказ за тоа до каде оди деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

-Граѓаните, јавноста, го гледаат таквиот антинароден и антидржавен однос на опозициската партија и затоа им следи нов изборен пораз веќе на локалните избори. Тоа, очигледно го знаат и во белиот дворец па затоа уште сега бараат алиби. Наместо блокади и деструкции, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да застанат зад граѓаните и нивните интереси.Со или без ВМРО-ДПМНЕ; реформите во интерес на граѓаните и државата, продолжуваат. Како парламентарно мнозинство ќе најдеме начин да се реализираат сите предвидени мерки и политики во интерес на граѓаните, рече пратеникот Велковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот