Вељко Ражнатовиќ завршил во полиција по тепачката во родното место на сопругата

Како што пренесуваат српските медиуми во текот на вчерашниот ден се случила тепачка во Тител, родното место на сопругата на Вељко Ражнатовиќ во која учествувал и Вељко.

По инцидентот кој се случил во попладневните часови во Тител, Вељко Ражнатовиќ бил приведен во полициската станица, каде дал изјава за наводната тепачка што се случила на ова место. Таму биле и сите сведоци од настанот, кои исто така дале своја изјава.

На расправијата, а потоа и на инцидентот, претходела дискусија помеѓу група млади луѓе и Ражњатовиќ. Имено, четворица млади во видливо алкохолизирана состојба дошле пред куќата на Родиќ во Тител и пуштале гласна музика. Ражнатовиќ кој бил во дворот на куќата, ги опоменал да не создаваат бука, но тие почнале да го опкружуваат и да дофрлуваат кон него, а еден од нив почнал и да му се заканува.

Вељко се обидел да го спречи инцидентот, ги замолил луѓето да не прават проблеми бидејќи во неговата куќа има бебе, меѓутоа, после тоа дошло и до физичка пресметка, поради што Ражнатовиќ завршил во полициската станица.

Како што наведува адвокатот на Вељко, тој само сакал да го заштити семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот