Велика Британија: Ќе разговараме за хуманитарна пауза во конфликтот во Појасот Газа, но не и за прекин на огнот

Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Велика Британија би разговарала за хуманитарна пауза во конфликтот во Појасот Газа за да се олесни испораката на помош, но не сака целосен прекин на огнот бидејќи тоа ќе биде од корист само за милитантите на палестинската група Хамас, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, јави Би-Би-Си.

Во текот на ноќта, израелската војска ги засили воздушните напади над јужниот дел на Појасот Газа во моменти на меѓународни повици за прекин на огнот за да се овозможи помошта да влезе во палестинската енклава и да се спречат дополнителни жртви.

„Сеопфатен прекин на огнот ќе му користи само на „Хамас“, рече портпаролот. – Хуманитарните паузи кои се привремени и ограничени по обем можат да бидат оперативна алатка и се разбира тоа е нешто што би можеле да го разгледаме и за кое разговараме“, додаде тој.

Портпаролот на Сунак дополни дека британската влада не се согласува со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека нападите на Хамас претходно овој месец „не се случиле во вакуум“ – коментари што предизвикаа лут одговор од Израел.

Не се согласуваме со таа карактеризација, рече портпаролот на британскиот премиер во врска со зборовите на Гутереш, но не побара оставка. – Јасно наведуваме дека нема и не може да има никакво оправдување за варварскиот терористички напад на Хамас, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот