Велевски: Парно во студентскиот дом „Стив Наумов“ сега има

Виктор Велевски, директор на студентскиот дом „Гоце Делчев“ / Фото: Принтксрин - Утрински брифинг

Точно е дека неколку денови немаше парно во „Стив Наумов“ поради дефект на парноводната мрежа, но дефектот е саниран, реагираше Виктор Велевски директорот на Државниот студентски центар, откако „Студентска револуција“ ја алармираше јавноста за проблемите кои ги имаат студентите.

„Ве замолувам да не се шират дезинформации за прашања кои се однесуваат на студентските домови. Коректно е пред било каква објава да се исконтактира инстутуцијата за која се објавува некоја вест. Точно е дека неколку денови немаше парно во Стив Наумов поради дефект на парноводната мрежа. Истиот е саниран, а со тоа греењето во домот е во функција“, се вели во реакцијата на директорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот