Велешанец прегази жена на паркинг во Аеродром

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера околу 12 часот било пријавено дека на паркинг во општина Аеродром, велешанец прегазил 46 годишна жена од Волково која се здобила со тешки телесни повреди.

„На 12.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Руди Чајевац”, товарно моторно возило „форд” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, удрило во Ј.Џ.(46) од с.Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот