
Вечерва величествен концерт на „Кралот на валцерот“ Андре Риу
Вечерва со почеток во точно 20 часот, во Вип Арената „Борис Трајковски” во Скопје, македонската публика ќе има ексклузивна можност да биде дел од величествениот концерт на светската музичка ѕвезда Андре Риу.
Препорачано
Мегапопуларниот диригент и виртуоз на виолина, Андре Риу ширум светот прославуван како современиот „Крал на валцерот” заедно со својот 60-член Оркестар „Јохан Штраус” и уште 20-тина гости музичари кои ќе го придружуваат на сцената, но и тим составен од повеќе од 50 професионалци кои се грижат за продукцијата и техничката реализација на концертот, веќе пристигнаа во Скопје за неговиот премиерен настап во Македонија.
Несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време е секогаш синоним за вистински концертен спекткл. Андре Риу секаде ширум светот настапува пред 600.000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. А концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични мелодии, како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.
Заедно со неговиот Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот и вечерва, за прв пат пристигнува и кај нас, со концерт во организација на „Пасворд Продакшн”.