
Вечер посветена на македонската рок-музика ќе се одржи во македонскиот КИЦ во Белград
Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фото материјали, на 7 октомври белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок-музика и рок-култура.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, од своите најрани младешки години е посветен не само на корените на македонскиот рок од почетокот на 60-те години од минатиот век, туку во најголем дел од својот животен и работен век, посветен е комплетно на македонската рок-музика, низ нејзиното повеќе од шестдецениско постоење.
Филиповски скоро четири децении е пасиониран собирач на музички материјали и информации поврзани со македонската рок-музика и автор е на неколку капитални дела од оваа област.
Вечерта посветена на македонската рок-музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.
Изложбата на постери и плакати, што е дел од овој културен настан, посетителите на КИЦ Белград ќе може да ја посетат до крајот на октомври.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
13мин
-
16мин
-
19мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5