Вашингтон воведе дополнителни санкции кон Техеран

Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии – кажа Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА.

-Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите – кажа Трамп на настан во Белата куќа, без да дава други детали.

-Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии – кажа тој, додавајќи дека Белата куќа ќе даде дополнително соопштение, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот