фото: rkeurofarmpelister.com

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер за титулата шампион на Македонија

Денеска се поставува едно прашање, кој ќе се закити со пехарот во најдобрата македонска ракометна Суперлига.

Најголемите ривали Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер повторно ќе се соочат во натпревар кој ќе одлучува за титулата шампион на Македонија.

Дуелот се игра од 19.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, а „црвено-црните“ објавија дека сите влезници се распродадени за ракометниот спектакл.

Во случај на победа или нерешен резултат, титулата ќе ја освои Вардар 1961, додека во случај на победа на Еурофарм Пелистер, трофејот ќе остане во Битола.

Третото место го освои скопски Алкалоид, а тоа го направи со победата над ГРК Охрид со 33:24 во салата Автокоманда.

Воедно денеска од 20.00 часот ГРК Охрид предводен од тренерот Стевче Алушовски во салата Билјанини Извори ќе го игра најважниот натпревар против ГРК Тиквеш, а победникот обезбедува место во ЕХФ Европскиот куп за следната сезона.

Суперлига

Сабота
19.30 часот Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер
20.00 часот ГРК Охрид – ГРК Тиквеш

Недела
17.00 часот Бутел Скопје – Алкалоид

Табела: Вардар 1961 19 бодови, Еурофарм Пелистер 19, Алкалоид 13, ГРК Охрид 13, ГРК Тиквеш 5, Бутел Скопје 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот