Ванковска e за БРИКС, за Неврзаните и прогласување воена неутралност

Ванковска во Долно Лисиче/Фото: МИА

Кандидатката за претседател на Македонија од Левица смета дека БРИКС е еден од одговорите на она дека Македонија нема друга алтернатива.

„Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компензации за тоа“, изјави кандидатот за претседател од редовите на Левица, Билјана Ванковска, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

„Меѓународната заедница се сите држави кои членуваат во ООН. Тој Запад, тие не живеат тука, во нашето уредување, не ги познаваат нашите корени, ни нашата фрустрација со Бугарија“, вели Ванковска.

„И тука не зборуваме за народот, туку за власт која во одреден момент на историјата била окупаторска. Мојата понуда е нов граѓански Устав, кој ќе биде нова реалност. Добро е да направиме граѓански Устав, и тогаш никој не може да лицитира колку души сме напишале во нашата Преамбула. На нашиов Устав не можете крајот да му го фатите. Има толку многу амандмани, кои се противречат на себе. А и политичката пракса покажа дека Уставот се заобиколува кому како ќе му текне. И сега имаме една етно-трибалистичка политика, во која две етнички групи доминираат. А другите? Ако донесеме граѓански Устав, ако воспоставиме вистинска демократија, јас се согласувам со програмата на партијата која ме поддржува, дека етнички партии не смее да има. Јас сум и за излез од НАТО, заради променетата геополитичка ситуација, која се плашам дека наместо бенефит што ни ветуваа, влегуваме сѐ повеќе во воени задолжувања. Мислам дека е многу паметно да прогласиме воена неутралност. И Ирска и Австрија се во ЕУ, но се воено неутрални“ – рече Ванковска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот