
Валтер: Ако сме здрави и напредуваме, имаме шанси да ја поминеме групата во Лига Европа
На денешната жрепка во седиштето на ЕХФ беа извлечени групите за новата сезона во Лига Европа. Ривали на Еурофарм Пелистер во групата „Д“ се Фуксе Берлин, Бидасоа Ирун, Архус, Агуаш Санташ Миланеза и Мотор.
Препорачано
Тренерот на македонскиот вицешампион, Ларс Валтер е задоволен од жрепката, според Данецот еден тим отскокнува од останатите, тоа е Фуксе Берлин.
– Задоволен сум од ждрепката. Еден тим отскокнува од останатите, тоа е Фуксе Берлин. Останатите екипи можам да кажам дека се блиску до нашето ниво. Многу важно ќе биде да се заобиколат повредите, бидејќи ќе играме многу натпревари секоја недела. Ако сме здрави и ако продолжиме да напредуваме, имаме добри шанси да ја минеме групата. Архус има три искусни ракометари: плејмејкер, лев бек и пивотмен. Исто така имаат добар дефанзивец, а и одличен голман. Останатите се млади момци, многу трчаат и играат типично скандинавски ракомет. Тежок ривал се, играат убав тактички ракомет. Верувам дека публиката ќе ни помогне, бидејќи тука е многу тешко за играње за скандинавските екипи – се зборовите на Валтер.
Лига Европа: Еурофарм Пелистер на стартот во Битола ќе го пречека данскиот Архус
Капитенот на екипата, Црногорецот Мирко Радовиќ ги почитува противниците, но очекува пласман во следниот круг.
– Тешко е да се прогнозира дали сме задоволни или не. Многу работи ќе се знаат овие две недели. За нас најбитно е да мислиме само на себе. Екипата напредува од ден на ден и играме да ја поминеме групата и да направиме чекор понапред во споредба со минатата сезона. Групата е исполнета со квалитетни екипи, знаеме што значи еден Фуксе Берлин, со Бидасоа Ирун игравме во Лигата на шампионите пред три сезони, Мотор го познаваме… Сите противници се за респект, но ние во оваа пеколна атмосфера имаме за што да се надеваме. Очекувам пласман во следниот круг, но не сакам да поставував цели. Треба да се спремиме за првиот натпревар и чекор по чекор, натпревар по натпревар – вели Радовиќ.